Македонски јазик - 5 прашања што треба да ги поставите пред било какви проверки, лекување или медици

Македонски јазик - 5 прашања што треба да ги поставите пред било какви проверки, лекување или медицински зафат

Користа од некои проверки, лекувања или медицински зафат е мала. И во некои случаи, тие може дури и да бидат штетни.

Користете ги 5те прашања за да се осигурате да ја добиете потребната нега – не премногу и не премалку.

Дали оваа проверка или медицински зафат се навистина потребни

Проверките може да ви помогнат вам и на вашиот доктор или друго здравствено лице да го утврдите проблемот. Медицинските зафати може да помогнат при лекувањето.

Кои се ризиците?

Дали ќе се појават некои несакани последици? Колкава е можноста да се добијат резултати кои не се точни? Дали тоа би можело да бара да се направат повеќе проверки или уште еден медицински зафат?

Дали постојат поедноставни, побезбедни можни начини на поставување на дијагноза или лекување?

Понекогаш, доволно е да го смените начинот на кој живеете, на пример, да јадете поздрава храна или да вежбате повеќе.

Што ќе се случи ако не направам ништо?

Прашајте дали вашата состојба може да се влоши – или да се подобри – ако веднаш не ја направите проверката или медицинскиот зафат.

Кои се трошоците?

Тоа може да ве чини финансиски, емоционално да ве истошти и непотребно да изгубите време. Кога постојат трошоци за заедницата, дали тие се разумни или дали постои некоја поевтина алтернатива?

Прашањата се прилагодени од материјали подготвени од Consumer Reports (Извештаи на клиенти).

Related links

Choosing Wisely Australia® е иницијатива која им овозможува на специјалистите за клиничко лекување, клиентите и акционерите во здравството да започнат да водат важни разговори за непотребни проверки, лекувања и медицински зафати. Фокусирајќи се на висококвалитетна нега, иницијативата Choosing Wisely Australia ја водат медицинските колеџи и друштва во Австралија и ја спроведува NPS MedicineWise.

При подготвувањето на овој постер се водеше сметка во разумни граници информациите да бидат точни. Овие информации не се наменети да се користат наместо медицински совети и било каков здравствен проблем не треба да се контролира или дијагностицира врз основа само на овие информации. Choosing Wisely Australia® се оградува од било каква одговорност (вклучувајќи несовесно однесување) за било каква загуба, штета или повреда која произлегува од потпирање или користење на овие информации. Прочитајте го целосното оградување од одговорност на www.choosingwisely.org.au

Last reviewed 01 March 2016